Општина Охрид го објави конкурсот за најдобар расказ за манифестацијата ,,Вечер на Живко Чинго“

- Локални
477

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ.

 Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ. 

Авторското право се докажува со четвртиот примерок; Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2020 година.

Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 07.08.2020 година.  Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари.

Strugaonline

 

Facebook Коментари