Општина Охрид со сферни огледала ја зголемува безбедноста во сообраќајот

- Локални
1009

Во соработка со граѓаните, Општина Охрид деновиве постави повеќе сферни огледала на неколку улици на територија на општина Охрид.

„Огледалата со кои се подобрува безбедноста во сообраќајот се поставија во Пештани на главниот пат веднаш до полициската станица, во Елшани над кампот „Елешец“, на пресекот на улицата „Сирма Војдовода“ со улицата Карпош Војвода, на улицата „Петрино“ веднаш зад некогашната фабрика „Застава“, на улицата „Прилепска“ и на улицата „Крали Марко“.“ – информираат од Општина Охрид

Од таму додаваат дека  ваквиот концепт на соработка со жителите на општина Охрид, продолжува и во наредниот период, со цел поефикасна реализација на секојдневните потреби на граѓаните.

Strugaonline

фото: Општина Охрид

Facebook Коментари