Oпштина Струга: Да се изолираат селата каде има појава на случаи со KОВИД 19

- Локални
5424

На денешниот состанок на Координативниот совет предводен од градоначалникот на Oпштина Струга г. Рамис Мерко, во врска со двата нови случаи позитивни на КОВИД 19 од околината на Струга, беа донесени следните заклучоци:

1) Да се изолираат селата каде има појава на случаи со KОВИД 19 за што и е поднесено барање до Влада, и истовремено тестирање на сите жители од овие села.

2) Прекин на сите редовни линии за патнички превоз во Општина Струга.

3) Да се направи список со имиња на сите лица со кои биле во контакт со лицата кои се позитивни на вирусот, истите да се тестират и да останат во самоизолација и под надзор на лекарите, за да се спречи понатамошното ширењето на вирусот.

4) Лицата кои патувале во странство да ја почитуваат мерката за самоизолација.

5) Сите работници кои работат во јавните претпријатија во склоп на Општина Струга, а се жители на овие села, се ослободуваат од доаѓање на работа со што нивните работни обврски ќе ги вршат од дома, до следното известување од Координативниот совет.

6) Зелениот пазар ќе се затвори на 31.03.2020 год (вторник).

Strugaonline

Facebook Коментари