Општина Струга и Македонскиот олимписки комитет ќе го унапредуваат спортот во Струга

- Локални, Спорт
981
Градоначалникот на Општина Струга , Рамис Мерко, оствари работна средба со претставници од Македонски олимписки комитет, претседателот Даниел Димевски и секретарот Сашо Поповски.
-Оваа средба имаше цел за поврзување на МОК со Општина Струга и условите што ги нуди општината за организирање на идни проекти и натпреварувања од меѓународен карактер.
 Воедно се оствари средба со професорите по спорт и спортските клубови каде беше понудена помош за соработка за обуки и унапредување на спортот во Струга. -информираат од Општина Струга.
-Го посетивме и ООУ “Браќа Миладиновци” Струга, каде учениците имаа подготвено проекти за спорти добија скромни подароци за спортските активности. Претседателот истакна дека градот има потенцијал за водените спортови пред се, како и за сите други спортови.-додаваат од Општината.
Strugaonline

Facebook Коментари