Oпштина Струга и МВР започнаа со контроли врз правните и физичките субјекти кои даваат услуги за сместување

- Локални
672

Општина Струга, во соработка со МВР Струга, со цел подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона 2019, од наредниов период  во заедничка активност помеѓу овластениот инспектор за туризам на општината и претставник на МВР Струга, ќе вршат редовна контрола на правните и физичките субјекти, кои даваат услуги за сместување на гостите на територијата на Општина Струга.

Заеднички став на нашите институции е дека безбедноста и сигурноста на туристите, посетителите и гостите од земјата и од странство, кои престојуваат и ја посетуваат Струга, е најголем приоритет.

Ова поради фактот што Струга мора и треба да биде атрактивна туристичка дестинација, која на туристите ќе им обезбеди чувство на сигурност и безбедност, а тоа пак значи пријатен престој и фактор за поголемо привлекување на постојните и потенцијалните туристи.-информираат од општината.

Од таму апелираат до сите физички лица кои имаат намера да даваат и даваат услуги за сместување на туристи, да се обратат до Одделението за туризам на Општина Струга, за подетални информаци.

Strugaonline

Facebook Коментари