Општина Струга: Интензивно се работи на документацијата за замена на азбестните цевки за водоснабдување

- Локални
507
Интензивно се работи на подготовка на техничката документација за замена на азбестните цевки за водоснабдување на градот Струга.-информираат од Општина Струга.
Со овој проект се планира да се намали загубата на вода во системот како и да се подобри нејзиниот квалитет. Ова е прва фаза по која следува да се овозможат концепти за финансирање и изградба. Моменталната состојба со водоснабдувањето во голема мерка е отежната токму поради големите загуби на цевките кои се стари повеќе од 50-60 години со чести дефекти и загуба на вода во системот во некои делови од градот дури и до 70%. – стои во општинското соопштение.

Facebook Коментари