Општина Струга ја изгуби надлежноста врз работата на детските градинки

- Локални
1007

Една година локалните власти во Струга и Куманово нема да имаат никакви надлежности врз работата на детските градинки.

Министерството за труд и социјална политика им ги одзеде ингеренциите затоа што општините не почитувале неколку законски одредби. Меѓу нив се Законот за заштита на децата, како и процесот за именување и разрешување директори.

– Oдлуката за одземање на надлежностите е донесена откако при вршење на надзор на работата и кај двете општини беа утврдени недостатоци во именувањето, односно спроведувањето на постапката за распишување на оглас за директор на детски градинки. И покрај даденото укажување со утврден рок за отстранување на неправилностите градоначалници не постапија според нивните овластувaња, по што министерството постапи по членот 201 од Законот за заштита на децата и им ја одзеде надлежноста на период од една година. Во следниот период во овие две општини надлежностите утврдени со Законот за детска заштота ќе ги спроведува МТСП, велат од Министерството за труд и социјална политика.

извор: Скопје1

фото: архива

Facebook Коментари