Општина Струга ќе го решава проблемот со кучињата скитници

- Локални
929
Кучињата скитници се еден од најголемите проблеми во Струга, секојдневно сме сведоци на каснати граѓани кои пријавуваат во полиција, а на социјалните мрежи врие од коментари во кои се изразува страв и загриженост за оваа состојба. Општина Струга денеска објави соопштение во кое се вели дека со низа мерки и алармирање на надлежните институции, овој проблем ќе биде решен. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
,,Во новиот буџет на општина Струга, за 2023 година, се предвидени финансиски средства за третирање на кучињата скитници и поради оваа причина денеска во кабинетот на градоначалникот на општината, г-дин Рамис Мерко, на работна средба се поканети надлежни институции кои се занимаваат со овие прашања, со што сме убедени дека ќе се намали бројот на кучињата скитници и особено нивната агресивност кон луѓето.
Првата работа што ќе се направи ќе биде фаќањето на женските кучиња (кучки), потоа нивна стерилизација, што значително ќе влијае на наталитетот за најмалку 16 пати помалку. Следната активност ќе биде кастрација на машките кучиња и поставување на обетки или чипови за да се обележат како такви, некои од тие кучиња ќе останат изолирани додека нивната агресивност не се намали или целосно не се изгуби, додека дел од бројот на кучињата ќе се третираат според важечките закони.
Воедно, ги молиме сите сопственици на домашни кучиња кои ги пуштаат на улица или кои ги чуваат во својот имот, да го ограничат движењето на кучињата според утврдените правила, бидејќи во спротивно ќе се соочат со високи глоби.
Силно нагласуваме дека Општина Струга е многу сериозна во извршувањето на оваа задача и затоа успехот ќе биде непосреден. Апелираме и бараме од граѓаните доколку приметат дотур на на кучиња скитници од другите општини, да ги сликаат возилата (автомобили, комбиња, камиони) кои ги истоваруваат овие кучиња скитници и овие слики итно да се достават до општина или до полиција.
Општина Струга побара од надлежните органи да дежураат 24/7 и да ја контролираат оваа состојба, а воедно бараме и спроведување на законските казни кои се многу високи. Нема да толерираме никој што ги прекршува законите за заштита на животните и за здравјето на нашите граѓани.,,

Facebook Коментари