Општина Струга: Лицата кои питачат на улица ќе бидат сместени во соодветни простории

- Локални
661
На покана на градоначалникот на Струга, Г-динРамис Мерко, се одржа средба помеѓу градоначалникот, директор на Центарот за социјална работа, Г-дин Мехмед Халили, командирот на полицијата Г-дин Абдулќерим Камбери и раководителот на единицата за внатрешни работи во Струга, Г-дин  Дритан Ајро.
,,Повод за состанокот беше загриженоста на граѓаните за големиот број на лица кои питачат во градот.  Ова прашање предизвикува загриженост во текот на целата година, но во текот на летната сезона тие го окупираат градот Струга и ситуацијата станува уште потешка.“-информираат од Општина Струга.
Од таму информираат дека на почетокот на јуни ќе  започне акцијата за отстранување на лицата кои питачат од  улиците и дека  ќе бидат сместени во соодветни простории.
Strugaonline

Facebook Коментари