Oпштина Струга објави повик за номинирање на член на Советот за превенција од детско престапништво

- Локални
216
По барање на Државниот совет за превенција од детско престапништво, а врз основа на член 158 и 159 од Законот за правда за децата (“Службен весник на РСМ“ бр. 148/2013), Општина Струга објавува јавен повик за здруженија на граѓани и фондации, кои се занимаваат со проблематиката со правата на децата и локални медиуми за номинирање на член на Советот за превенција од детско престапништво на Општина Струга.
-Предмет на јавниот повик се здруженија на граѓани и фондации, кои се занимаваат со проблематиката со правата на децата и локални медиуми, за номинирање на член на Советот за превенција од детско престапништво на Општина Струга. Избраниот член се именува за време од пет години со право на повторен реизбор.-стои во соопштението од Општина Струга.
Задолжителна документација: Пријава, односно изразување интерес за учество во Советот за превенција на детско престапништво, кратка биографија на номинираниот член.
Рокот за номинација на претставник е до 25.12.2023 година.
Пријавите со целокупната документација се доставуваат до шалтер на Општина Струга, со назнака за пријава за номинација за член на Советот за превенција од детско престапништво на Општина Струга.
Пријавите доставени по e-mail или факс нема да бидат разгледувани.
За дополнителни информации можете да се обратите на лицето за контакт Славица Јовческа, емаил: [email protected]
Strugaonline

Facebook Коментари