Општина Струга одвои 1.000.000 денари за финансиска поддршка на Албанија

- Локални
631

По катастрофалниот земјотрес што се случи во Албанија, Советот на Oпштина Струга одржa вонредна седница која започна со едноминутен молк.

На седницата беше одлучено 27-ми и 28-ми ноември да се прогласат денови на жалост и да се откажат сите прослави по повод 28-ми ноември, Денот на албанското знаме.
На седницата беше одлучено Општината да одвои  1.000.000 денари како финансиска помош од страна на Општина Струга, за погодените и семејствата на загинатите во земјотресот во Албанија.

Strugaonline

Facebook Коментари