Општина Струга се вклучи во реализација на проектот за реконструција на магистралниот пат Подмоље – Ќафaсан

- Локални
432

Општина Струга, предводена од градоначалникот Рамис Мерко, се приклучува во реализацијата на големиот проект за реконструкција  на магистралниот пат Подмоље – Ќафaсан, што  минува низ градот Струга.

Од Општината ги претставија предлог проектите за кружни текови на повеќе позиции, како што се:
● кружниот тек Струга – Мислешово
● кружниот тек кај Индустриската зона и два нови кружни тека
● кружниот тек за влез во село Радолишта и село Франгово.
За ова прашање градоначалникот одржа консултативна средба со министерот за транспорт и врски, Г-дин Благој Бочварски и директорот на јавното претпријатие за патишта Г-дин Ејуп Рустеми,  за да се изнајдат решенија за реализација на проектите предложени од општина Струга.-соопштуваат од општината.
По долга дебата била дадена поддршка за предлог-проектите, како неопходна потреба за движење на граѓаните и сообраќајот побезбедно и без пречки.

Facebook Коментари