Општина Струга со апел за навремено плаќање на данокот и можност за онлајн подмирување на обврските
Општина Струга упати апел до граѓаните во земјата и дијаспората за навремено подмирување на обврските за данок на имот и комуналната такса – фирмарина, информирајќи дека веќе започна дистрибуцијата на решенијата за физички и правни лица.
Од Општината ги повикуваат сите обврзници да постапат согласно законските рокови, со цел да се избегнат дополнителни трошоци и мерки. Во спротивно, предупредуваат, ќе биде активиран даночен извршител, што значи зголемени финансиски обврски за должниците.
Како новина, годинава за прв пат се воведува можноста обврските да се подмират и по електронски пат, преку апликацијата достапна на веб-страницата на Општина Струга. Со ова, како што посочуваат, се олеснува процесот, особено за иселениците кои живеат надвор од државата:
Од локалната самоуправа нагласуваат дека приходите од овие давачки се од клучно значење за развојот на градот. Средствата се користат за реализација на инфраструктурни проекти, подобрување на јавните услуги и инвестиции во заедницата.
„Целта е правична и еднаква наплата на даноците, без дискриминација меѓу граѓаните. Не е прифатливо едни редовно да ги исполнуваат обврските, а други да ги избегнуваат“, потенцираат од Општината.
За сите дополнителни информации и нејаснотии, граѓаните по приемот на решенијата можат да се обратат во Одделението за даноци и комунални такси при Општина Струга, каде ќе добијат соодветна поддршка и насоки.
Од Општината апелираат на заедничка одговорност, транспарентност и соработка, со цел создавање подобри услови за живот во Струга.
StrugaOnline

