Лев банер Десен банер

Општина Струга со честитка за Рамазан Бајрам: Порака за мир, соживот и заедништво

По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, Општина Струга упати честитка до сите верници од исламска вероисповед, посакувајќи им празничните денови да ги поминат во мир, здравје и благосостојба.

Во честитката се нагласува значењето на овој светол празник како симбол на хуманост, солидарност и меѓусебна почит – вредности кои се од особена важност за градење хармонично општество.

„Нека овој светол ден донесе радост во секој дом и нека духот на заедништво биде водилка во нашето секојдневие“, порачуваат од Општината.

Оттаму потенцираат дека Струга отсекогаш била пример за соживот, толеранција и меѓусебно разбирање, вредности кои треба да се негуваат и во иднина.

На крајот од честитката, граѓаните се повикуваат празничните денови да ги поминат во кругот на најблиските, исполнети со љубов, спокој и среќа.

StrugaOnline

error: