Општина Струга со нова иницијатива, комбинација на практична работа и теорија во СОУ „Нико Нестор”

- Локални
955

 

Шефот на Кабинетот на Општина Струга , Г-дин Дашмир Насуфи одговорен за образованието заедно со претседателот на општинскиот совет, г.Ресул Каба одржаа средба со активот и преставници на СОУ „ Нико Нестор”.

„Целта на овој состанок беше воведување на практичната работа (практиканство) во образовниот систем која ќе се спроведе така што учениците ќе имат можност да „работат” во локалните компании и институции. На состанокот присуствуваа претставници на активот на училиштето и се разговараше за воведување на практиканство по часовите предвидени за практика во текот на учебната година, така што на учениците ќе им биде овозможено да ја практикуваат својата идна професија, како во училиште така и во институции.“ – информираат од Општина Струга

Пазарот бара професионалност  и работна сила која е квалификувана, и според мене тоа е основната работа на која што училиштата треда да ги подготвуваат нивните ученици. Само кога учениците ќе стекнат знаење кое ќе бидат способни да го практикуваат,  само тогаш ќе бидат подготвени за работа на терен или во инситуции, рече г. Дашмир Насуфи, одговорен за образованието во Општина Струга.

Од активитe беше побарано да состават и изготват листа на институции или претпријатија каде што учениците можат да вршат практична работа и да ги достават во образовниот сектор во Општина Струга, за да може Општина да преговара и да подготви договор за условите и можностите за практична работа во овие институции.

Извор и фото: Општина Струга

Strugaonline

Facebook Коментари