Општина Струга: Состојбата не е добра, бараме учебната година во Струга да започне на 20-ти септември

- Локални
717
На иницијатива на градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко, заседаваше Комисијата за превенција составена од : градоначалникот на Општина Вевчани, директорите на здравствените установи на Општа болница Струга, здравствените домови во Струга и Вевчани, ЈЗУ Завод за нефрологија, командирот на МВР Струга, сите директори на средните и основните и средните училишта, како и директорката на градинката во Струга.
– Средбата имаше за цел да се направи анализа на моменталната ситуација со ширењето на заразата предизвикана од вирусот Ковид 19 при што се дојде до заклучокот дека состојбата е полоша од претходната година за што се утврди дека почетокот на учебната година е потребно да биде пролонгиран, односно истата во Струга наместо на 1 септември да започне на 20 септември.
Според добиените информации од надлежните, на секое наредно дневно тестирање, каде обично се прават 100 до 120 тестови дневно, секој четврти резултат е позитивен на ковид 19, а вчера беа хоспитализирани 35 лица во Општа болница Струга, 7 во Завод за нефрологија, а во Здравствениот дом во Вевчани 120 лица се на домашно лекување, додека во Струга на домашно лекување се 70 лица. -информираат од Општина Струга.
Од таму додаваат дека има предлози за  наставата преку on-line предавања, но директорите на основните, а и средните училишта потенцираа дека во моментов не се подготвени за таков вид настава, особено средното стручно училиште.
Од тие причини, поврзани со епидемиолошката состојба во Струга, а и моменталните организациски услови во училиштата, при што доколку би имало настава учениците би биле во постојан контакт, особено на големите одмори каде заеднички се дружат, купуваат храна и го користат транспортот оние ученици кои патуваат од руралните средини што би било од негативно значење за нивното и здравјато на наставниот кадар.
Од Општина Струга додаваат дека е поднесено барање до Влада на РСМ; Министерство за образование и наука; Министерство за здравство и Комисија за заразни болести за пролонгирање на почетокот на учебната година во општина Струга.

Facebook Коментари