Општина Струга спроеведува акција против организирано питачење

- Локални
785

Општина Струга во соработка со Полициска станица- Струга и Центарот за социјална работа организираат акција за решавање на проблемот со зголемениот број на лица кои организирано питачат во нашиот град.  Оваа акција има за цел да ги острани питачите кои се организирани или трафикувани од лица кои ја злоупотребуваат нивната состојба.

„Општина Струга сметаше дека е неопходно да се преземе нешто во врска со зголемување на бројот на питачите во градот на Струга, затоа во соработка со надлежните органи организира акција за остранување на организираните питачи. Ги молиме сите граѓани да се вклучат во акцијата така што ќе ги пријават организираните питачи на 192 или на официјалната страна на Општина Струга.“-стои во соопштението од Општина Струга.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари