Општина Струга успешно ја спроведува акцијата на донирање пакети со храна за ранливи категории

- Локални
986

Oпштина Струга интензивно и успешно ја спроведува акцијата за дoделување на пакети со храна за семејства кои имаа потреба. Деновиве пакети со храна беа доделени во селата Луково, Ложани, Враништа, Ташмануришта, Горни и Долни Татеши, Богојци, Мислодежда, Поум, Делогожди, Џепин, Корошишта и Мороишта.

„Солидарноста и хуманоста покажана до денес ни дава волја да продолжиме понатаму.Почитувани граѓани, почитувајте ги мерките, останете дома и чувајте се и грижете се за себе и луѓето околу вас.“ – апелираат од Општина Струга.

Сите ранливи категории на граѓани кои имаат потреби од пакети со храна и понатаму можат да се јават на телефонскиот број 078 500 151 .

Strugaonline

Facebook Коментари