Општина Струга: Започна акцијата за третман на кучиња скитници

- Локални
525
Утрово,  започна акција за третман на кучињата скитници во Струга.
,,Лица овластени за заловување и хуман третман на кучиња скитници од Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово, во присуство на овластениот инспектор на Општина Струга, започнаа со заловување на кучиња скитници во некои делови од градот со цел да се третираат според ветеринарни/законски процедури.,,-информираат од Општина Струга.
Додаваат дека оваа активност ќе продолжи и во наредните денови и апелираат до граѓаните  да ги држат домашните кучиња под контрола, да ги евидентираат или да ги вакцинираат , бидејќи, како што велат од Општината,  нивното пуштање на улица ќе се смета како  кучињата да се скитници и доколку бидат фатени од горенаведените овластени лица тогаш ќе следат законски процедури.
,,Со горенаведените лица се согласивме дека овој проблем треба да се реши на национално ниво, но сепак сме задоволни како општина што овој проблем почнува да се решава. Бараме од граѓаните да се активираат во ова насока, со пријави во полиција кога ќе видат појава на растоварување на кучиња во нашиот град.,,-се додава во соопштението.
Токму во ова насока, општината ја контактирала и полицијата во Струга и побарале полицајците  да застанат на влезните точки во градот и да ги проверуваат комбињата или камионите за кои постои сомневање дека превезуваат кучиња скитници од другите градови од нашата држава.
-За било каков проблем со кучињата скитници контактирајте ја Општина Струга и локалната канцеларија на Агенцијата за храна и ветеринарство.-додаваат од Општината.
Strugaonline

Facebook Коментари