Општините ќе формираат локални младински совети, градоначалникот Мерко на состанок за законот за младинско учество

- Локални
507
Градоначалникот Рамис Мерко денеска преку Зум платформата учествуваше на онлајн работен состанок за Законот за младинско учество и младински политики.
-Состанокот беше организиран од страната на Агенција за млади и спорт и стратешкиот партнер Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел запознавање на општините со процесот на формирање и реструктуирање на локалните младински совети, чекорите и статутарните измени согласно Законот за младинско учество и младински политики.- информираат од Општина Струга.
На состанокот, учесниците добија насоки  како треба да работат општините и беа запознаени со   идните чекори за формирање локални младински совети и потребни статутарни измени.
Strugaonline

Facebook Коментари