Општинските инспектори и полицијата во Струга ќе бидат на терен за успешна туристичка сезона

- Локални
1717
Денеска во просториите на општина Струга се одржаа две работни средби, првата со општинските инспектори, а втората со началникот на полициската станица во Струга.
,,Дискусиите беа во насока на почитување на редот во градот, за подобро одвивање на туристичката сезона. Општинските инспектори секојдневно ќе излегуваат на терен, за да следат дали се почитуваат решенијата за поставување урбана опрема или за јавните површини што ги користат угостителите, во градот и покрај езерото.“ -информираат од Општина Струга.
Додаваат дека со претставниците на МВР односно полициската станица Струга, се разговарало за одржување на јавниот ред и мир и за патниот сообраќај, со цел гостите и туристите да се чувствуваат безбедно и да уживаат во убавините на Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари