Осветена црквата „Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста“ во Подгорци

- Локални
1716

Обновената православна црква „Света Богородица Пречиста“ беше осветена и пуштена во употреба на 3-ти август 2019 година од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски  и Администратор Австралиско-сиднејски господин Тимотеј, во сослужение на протерејот-ставрофор Никола Христоски ,проторејот Митре Попоски, свештениците Зоран Попоски од Вевчани, Ристе Наумоски од Струга и Димитрија Павлески од Подгорци како и протоѓаконот Николче Ѓурчиноски.

По осветувањето на храмот, беше отслужена и првата света Литургија во истиот, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати пред верниците со пригодна беседа. Меѓудругото, тој упати благодарност до  црковниот одбор од с.Подгорци за нивниот труд и ангажман за изградба на овој свет храм посветен на  Воведение на Пресвета Богородица.

После свечената црковна церемонија за осветување на божјиот храм, православните верници од Подгорци предводени од црковниот и  Иницијативниот одбор,во ајатите на главната црква Св.Никола приредија свечен ручек за гостите,а за културно-уметничката програма се погрижија  КУД „Дримкол“ од Вевчани, КУД „Илинден “од  Драслајца ,како и естрадниот уметник Наум Петрески.

Црквата „Света Богородица –Пречиста“ почна да се обновува во 1992 година. .Градежните работи на храмот ги изведуваше каменорезачот Никола Чавковски од Нерзи кој посветено работеше се до 1995 година.

Новиот иконостас кој го изработија резбарите Методија и неговиот син Новица Столески од село Маруништа беше осветен.Стариот бил демонтиран во 50 тите години,кога и било урнато црквичето за изградба на задружен селски дом. Додека пак за внатрешното сликање на ѕидовите беше ангажиран познатиот иконописец Петко Филкоски по потекло од Нерези,струшко,а пак иконите ги насликаа подгоречките ликовни уметници Владимир и Александа-Ацо Младеноски од Подгорци.

На 8 март 1992 година се поставија темелите за изградба на мнастирот „Света Пречиста“. Темелите беа поставени на на предходните пронајдени  – ископани темели од истата црква која била срушена 1948 година.Манастирот бил изграден многу одамна, но нема прецизни податоци.

Камен темелникот на овој православен сакрален и значаен верски објект го постави Господин Тимотеј, администратор за Кичевско – дебарска епархија. Манастирот почна да се гради со доброволни прилози од Подгорци и други граѓани од околните села и спонзори.

Teкст и фото: Стојан Кукунешоски

 

 

Facebook Коментари