Отворена манифестацијата „На Зајдисонце“ – 2020

- Локални
426

Со почитување на Ковид мерките и во пријатна крајезерска атмосфера вчеравечер во Трпејца на свечен начин беше отворена манифестацијата „На зајдисонце“ 2020.

Честа да го отворат деветтото издание  им припадна на младата  Дијана Велјаноска чии експонати  – филигран работен со срма ја красеа сцената и на поп пејачката Верица Пандиловска која отпеа свои хитови, убаво прифатени и од публиката во Трпејца.

Културно – забавното лето во Трпејца во име на покровителот на општина Охрид за отоврено го прогласи заменик градоначалникот Ристе Николески.

„ Дозволете ми на почетокот да го изразам моето големо задоволство  што во невообичаени услови на пандемија од Ковид 19, организаторите со огромна енергија и вложен труд почитувајќи ги здравствените протоколи успеаја да го организираат  годинешното деветто издание на културната манифестација на „На зајдисонце“ во Трпејца. Со тоа во континуитет се нижат алките на  културниот синџир кој од година во година станува се подоминантен на охридската туристичка разгледница. Во древниот Охрид туристичката  населба Трпејца има  исклучително место затоа што нејзините  убавини зачинети со културните и спортски содржини  кои се нудат на овој настан  привлекува се поголем број на посетители од земјава и странство.  Токму затоа Општина Охрид покрај тоа што реализира инфраструктурни проекти  ги подржува ваквите културни  случувања  со кои се збогатуваат алтернативните форми на туризам . Со тоа ги потврдуваме нашите цврсти определби за развој на руралните  и туристички  средини, рече Николески, заменик градоначалникот на општина Охрид .

Вечерва од 20 и 30 часот публиката ќе се дружи со академик Миле Миќуновиќ преку промоцијата на неговата најнова книга насловена „Метафора“ во издание на НУ Библиотека „ Григор Прличев“ од Охрид. Во забавниот дел ќе настапи дуото Black moon

Претпладнево започна театарската работлиница за деца раководена од актерката Марија Новак а попладнево ќе започне и работилницата „Цртаме на зајдисонце“.

Манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца ќе трае до вторник 28 јули а годинава покрај општина Охрид, финансиски е поддржана од Министерството за култура и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Strugaonline

 

 

 

Facebook Коментари