Ова лето во Струга бесплатни спортски активности за деца со и без физичка попреченост

- Локални, Спорт
633
Спорстко -рекреативниот клуб Соларис во рамките на проектот “Orienteering with snorkeling“ организира активности за деца со и без физичка попреченост на возраст од 10-14 години во период од три месеци.
-Децата ќе учат нова моторичка активност како ориентирање со нуркање на сигурен, забавен и инклузивен начин, ќе стекнуваат способност за ракување со компас и читање на мапа за ориентирање.Во рамки на проектот ќе има и методолошки структурирани активности вон и во вода, изработени и реализирани од страна на високостручен и академски едуциран кадар од областа на спортот (ориентирање и пливање).-информираат организаторите.
Додаваат дека децата ќе добија и соодветна опрема за спроведување на сите планирани активности.
Целта на овој проект е поттикнување на меѓусебна соработка, јакнење на самодоверба и развивање на натпреварувачки дух.
Активностите ќе се реализираат  во јуни, јули и август на градските плажи и во затворениот пливачки базен.
-Можат да учествуваат сите заинтересирани деца на возраст од 10 до 14 години со и без физичка попреченост. Вкупниот број на селектирани деца е 12 од кои 6 деца со физичка попреченост и 6 деца без физичка попреченост.- стои во објавата на Спортски клуб ,,Соларис“.
Заинтересираните можат да се пријават на телефонскиот број 078 241 418 или на  [email protected] најдоцна до 1-ви мај.
Сите активности и обуки ќе бидат бесплатни.
Strugaonline

Facebook Коментари