На седница на Џудо Федерацијата на Македонија одржана на 17.01.2018 година во Скопје, на даден предлог од страна на Џудо клубот „Дрим“ од Струга, за членови во комисии и тела на JFM избрани се:
- Здравствена комисија: Др. Оливер Бојчески
- Маркетинг и медиумска комисија: Нове Петкоски и Ванчо Стојмиловски.
- Комисија за образование, едукација и лиценцирање на тренери: Проф. Ѓорѓи Стојанов
- Медиа директор: Искра Опетческа
- Натпреварувачка комисија: Проф. Ивана Стојанова
„Сигурни сме дека заедно со нашите луѓе , Џудо Федерацијата на Македонија ќе се издигне на повисоко ниво, се со цел џудото како спорт да го доближиме до секое семејство и секако нашата главна цел е остварување на врвни спортски резултати„ – велат од ЏК „Дрим“ од Струга.
Џудистите од ЏК „Дрим“ од Струга имаат импресивни резултати на сите натпреварувања на кои учествуваат.
Strugaonline
Facebook Коментари