Пензионерите од Охрид и Дебарца се победници на 24-ти Регионални спортски натпревари за пензионери

- Локални
860

Изминатиов викенд се  одржаа 24-ти Регионални спортски натпревари од осмиот регион, а домаќин беше ЗП Струга.Оваа здружение има спортска традиција за организирање бидејќи трет пат е домаќин на Регионалните спортски пензионерски натпревари и еднаш на Републичките натпревари.

На овие спортски натпреварувања учествуваа пензионери од југозападниот регион.На натпреварите учествуваа пензионери – спортисти од следните здруженија: ЗП-Струга  со седумдесет натпреварувачи, ЗП Охрид и Дебарца со седумдесет натпреварувачи, Дебар и Центар жупа со дваесет и три, ЗП Кичево со четриесет и осум, ЗП Македонски Брод со дваесет и два ,Вевчани со четринаесет и ЗП Лабуништа со девет натпреварувачи.

Пред отварањето, поканетите гости и учесници беа пречекани од страна на домаќинот – претседателот на ЗП Струга, Милорад Трпоски, кој воедно изврши смотра на сите спортисти кои се натпреваруваа во 11 дисциплини:шах, домино, пикадо,кош-слободно фрлање, фудбал пенали на мали голчиња, стрелање со воздушна пушка, тегнење јаже, фрлање ѓуле, скок од место и трчање за мажи жени.

Поздравни зборови до учесниците на овие регинални натпревари  упати и Марика Попоска,член  на Советот на општина Охрид.

24-те Регионални натпревари ги прогласи за отворени претседателот на Собранието на СЗПМ м-р Илија Адамоски,

Најдобри резултати постигнаа – пензионерите од Охрид и Дебарца кои на крајот беа и севкупни победници со петнаесет  први места, второ место освои ЗП Кичево со четири први места,а на трето место се пласираше ЗП Струга со три освоени први места и Лабуништа со освоено едно прво место.Овие победници-пензионери спортисти се пласираа за Републичките натпревари што ќе се одржат на почетокот на септември во Скопје.

Благодарници на најдобрите им врачи Стефан Шурбаноски, претставник и кординатор на комисијата за спорт и рекреација за осмиот регион при СЗПМ.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари