Петтото издание на фестивалот „ДРИМОН“ започнува на 26-ти јули

- Забава, Локални
971

Петтото,  јубилејно  издание на фестивалот ДримОН  ќе се одржи во периодот од 26-ти до 30-ти јули на летната сцена во Струга.

 Најавена е богата концертна и дј програма, Паратисима ликовен павиљон, aртивистички павиљон, летно кино, театарски претстави за деца и возрасни, зелени креативни работилници и активистички предавања за деца и млади. Организаторите на фестивалот велат дека бројни партнери и соработници застанаа да го поддржат 5тото издание и овозможија одлична програмска селекција од современата уметничка сцена во релација со приоритетни каузи за подигнување на граѓанскиот дух.

Оваа година ДримОN застанува зад каузите „Со селекција против депонии“ – артикулирано преку програмата на Зелената Чил Аут зона и „Учество на жената во јавните политики“ како трансферзала во дискурзивно уметничката селекција на фестивалот.

Тимот на фестивалот, заедно со своите партнери и соработници носи преку 40 учесници и дваесеттина настани.

Извор:Strugaonline\ДримОН

 

Facebook Коментари