Починатата родилка од Охрид не била заболена од коронавирус

- Локални, Македонија
473

Од министерството за здравство информираа дека родилката од Охрид, која пред два дена почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е негативна на COVID-19, откако пост мортем е земен брис за анализа

-Пациентката на возраст од 37 години завчера попладне била донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод.

Лекарите на Клиниката за гинекологија и акушерство оперативно го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Причина за смртта е најверојатно сепса со масивна тромбемболија. Пациентката e пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза.

Извештајот од клиниката за овој случај говори дека се работело за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните пет месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ниту потребните гинеколошки контроли, соопштуваат од  министерство.

Strugaonline

Facebook Коментари