Подгорци доби реконструиран регионален пат

- Локални
609

Градоначалникот на Општина Струга , Г-дин Рамис Мерко денеска одблиску ги следеше активностите на главниот пат во с. Подгорци каде успешно заврши асфалтирањето на еден од најважните патишта во селото.

Овој пат долг 1 метар, прво беше проширен, а потоа асфалтиран. Истовремено, Општина Струга  има предвидено асфалтирање и поправка на уште еден пат, долг 650м, во наредниот период.

„Оваа капитална инвестиција беше неопходна во оваа населба“, рече вчера градоначалникот Мерко.

„Само за време на мандатот на градоначалникот Мерко, реализирани се над 10 капитални инвестиции во с.Подгорци и не само во оваа село, докажувајќи дека градоначалникот Мерко секогаш ги става на прво место барањата на жителите и граѓаните на Општина Струга.“ – велат од Општина Струга.

Од Општината најавуваат  нови капитални инвестиции кои што ќе се реализираат наскоро.

Strugaonline

Facebook Коментари