Подружницата ХЕС„Црн Дрим“-Струга со новогодишно изненадување за дечињата од паралелката „Порака“

- Локални
753

Директорот и синдикалната организација на  Подружницата ХЕС„Црн Дрим“ – Струга денеска организираа новогодишно изненадување за учениците од паралелката со посебни потреби „Порака“ во ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга.

Децата се дружеа со Дедо Мраз и кловнот Анета кои им поделија пакетчиња и ги исполнаа нивните новогодишни желби од писмото кое го пратија до Дедо Мраз.

„Ова е еден мал гест со кој се обидовме да ги израдуваме овие ученици, но и да го свртиме вниманието кон нив со цел растење на овие деца во подобра околина полна со љубов.Ние како општествено одговорна компанија се трудиме секогаш да излеземе во пресрет на заедницата со посебен акцент на ранливите категории во истата.“  – велат од Подружницата ХЕС„Црн Дрим“ – Струга.

Оваа е само дел од низата акции со кои тимот на ХЕС„Црн Дрим“ – Струга  се труди нашето место на живеење да го направи поубаво и подобро.

Strugaonline

 

Facebook Коментари