Полициски службеници успешно спасија холандски државјанин кој се повредил при спуштање со параглајдер на Галичица

- Локални
296
Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасители од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар, заедно со граничната полиција од РЦ Запад успешно ја завршија спасувачката акција на планината Галичица, откако вчера во попладневните часови беше пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.
Имено, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар вчера во 17.00 часот со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го фиксира и го  презеде повредениот холандски државјанин Л.Г.Ј.(35), кој претходно беше имобилизиран од екипа на Планинарската спасувачка служба на Црвен крст Охрид и во 17.15 со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени, која е дел од Одделот за воздухопловни операции на МВР, стартуваше со транспорт кон Скопје. Во 17.50 часот тимот од МВР со повредениот слета на хелиодромот во Комплекс клиники и во координација со лекарите од клиниките, лицето во придружба на животоспасител од САЕ Тигар, на негово барање, во 18.10 часот е  префрлено во приватна медицинска установа за укажување на лекарска помош.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари