Популарната претстава „Метод“ во петок пред охридската публика

- Локални
526

Најпоставуваниот современ шпански текст „Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.

Претставата е во режија на Ирена Стеријовска.
Играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска, Јаков Спасов.

-Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата слика”? Преку интензивните трилер ситуации се игра со публиката и она што таа мисли дека го знае, исто како што дејствието си игра со ликовите и она што тие мислат дека го знаат. Така се создава еден модерен психолошки трилер со интензитет и темпо што ја вовлекува публиката толку активно да ги прати заплетите што и самата станува петтиот лик во оваа пиеса – вели режисерката  Ирена Стеријовска.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Претставата ќе се игра во петок, 22-ри март,  почеток 20.00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари