Поради снимање филм, до 15:00 часот ќе биде затворен стариот пат Охрид-Струга

- Локални
552

Поради снимање на филмот „Преекспонирано“, стариот пат Охрид-Струга, денес ќе биде затворен за сообраќај.

– Продуцентската куќа „Днф Филмс“ е во фаза на продукција на игран филм со наслов „Преекспонирано“, во режија на Елеонора Венинова. Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид и неговата околина. Ја известуваме јавноста дека поради снимање на дел од филмот, во понеделник, на 17-ти август 2020 година, во периодот од 06:00 часот наутро до 15:00 часот, регионалниот пат P1208, делница Охрид-Струга (стариот пат) ќе биде затворен за сообраќај во двата правци, а сообраќајот пренасочен, информираат од продукцијата.

Strugaonline

Facebook Коментари