Пожар на стариот пат Охрид-Струга, опожарена трска и два пловни објекти

- Локални
171

На 7-ми април 2024 година, во 20:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид-Струга настанал пожар на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, при што биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти.

– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива/илустрација

Facebook Коментари