Пожар во патничко возило на локалниот пат кај струшко Лабуништа

- Локални
749

На 4-ти февруари 2020 година, во 20:30 часот, во Полициската канцеларија во Велешта бил пријавен пожар во патничко возило на локалниот пат пред струшкото село Лабуништа.

– Од извршениот увид констатирано е дека пожарот настанал во патничко возило „Шкода“ со струшки регистарски ознаки кое било во движење а управувано од страна на 27-годишниот Н.Ј. од селото Лабуништа. Пожарот е изгаснат од Територијалната против пожарна единица Струга, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари