Пожар во училиште вo село Ливада

- Локални
609

На 27-ми август 2019 година, во 16:35 часот во Полициската станица во Струга, 55-годишниот А.З. од селото Ливада пријавил дека настанал пожар во помошна просторија од ОУ„Аки Дика“.

– Од противпожарната единица од Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Констатирано е дека биле опожарени дрва за огрев, столарија и други предмети. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари