Школата на Kапитенот, КЛ7_Струга и агенцијата која ја води организацијата и реализацијата на Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“ низ Македонија, KMG Sport се домаќини на овогодинешниот „Фајнл Фор“ за кадети. Денеска во спортскиот центар Тими се игра финалната завршница во кадетска конкуренција. Оваа година на Final 4 турирот учествуваат екипите на РК Вардар, РК Прилеп, РК Еурофарм Работник, како и организаторот на турнирот #КЛ7_Струга.
Екипата на РК Прилеп е првиот финалист на Final 4 – Кадети. Во првото полуфинале тие ја совладаа екипата на РК Еурофарм Работник со резултат 27:33. Најдобар стрелец кај победниците беше Илиевски со седум постигнати погодоци, додека кај поразените, Какавски исто со седум погодоци. РК Прилеп во финалето (19:30) ќе го пречека подобриот од натпреварот помеѓу РК Вардар и КЛ7_Струга, додека Еурофарм од 17:30 ќе игра за третото место.
Извор и фото: KMG Sport
Facebook Коментари