Предновогодишна средба на пензионерите од Струга

- Локални
881

Здружението на пензионери oд  Струга на 30-ти декември 2017 година  организираше прва од ваков вид предновогодишна средба.

Во салата за состаноци во пензионерскиот клуб, од претпладневните часови до доцна во денот наизменично доѓаа членовите на ЗП, големиот број пензионери на предновогодишната закуска со чашка ракија опуштено поминаа повеќе од пет-шест часови.

Масовната посетеност се случи после  апелот објавен на огласната табла неколку денови порано. На средбата се обрати  претседателот на Здружението Милорад Трпоски кој посака  Новата година да  биде посреќна и   полна со  здравје и повеќе вакви дружби. Иако ова беше прва предновогодишна масовна средба, Трпоски  посака  ваквите средби да станат традиција. На крајот,  председателот на пензионерите им врачи скромни новогодишни подароци на присутните.

Strugaonline/Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари