Предновогодишно расположение и дружба со Дедо Мраз во „Порака Нова“

- Локални
1273

 

Во овие празнични денови граѓаните на Струга не ги забораваат лицата со попреченот. Така, во просториите на Центарот за лица со попреченост „Порака Нова“  беше организирана предновогодишна дружба со учениците од СОУ Ибрахим Темо и жените од активот на жени пензионерки од Струга.

Здружението на глуви и наглуви од Струга, посебните паралелки од ОУ Браќа Миладиновци од Струга и Порака Нова не беа заборавине ниту од Дедо Мраз. Неговата посета предизвика многу радост кај дечињата.

Strugaonline

Facebook Коментари