Прекин во водоснабдувањето во населбата Езерски Лозја во Струга поради дефект на главна водоводна цевка
ЈП „Водовод и канализација“ – Струга известува дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето во населбата Езерски Лозја поради дефект на главна водоводна цевка со профил Ф-200.
Според информациите од претпријатието, прекинот во снабдувањето со вода започнa од 9:30 часот и ќе трае до целосно санирање на дефектот.
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ќе работат на отстранување на проблемот, по што водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено.
Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и трпението.
StrugaOnline

