Во денешното издание на емисијата „Плеј кафе“ зборувавме за најново издание на Меѓународниот арт фестивал и натпревар „Езерски бисери“ што годинава се одржува од 8-ми до 13-ти август. Станува збор за натпревар на уметноста кој се одржува секоја година во првата половина на август. Пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет доаѓаат во Струга крај прекрасното Охридско езеро и се натпреваруваат во бројни дисциплини. Нивните настапи ги оценува професионално меѓународно жири, чии членови одржуваат бесплатни мастер класови за сите учесници и за нивните професори по натпреварот. Годинава фестивалот слави јубилеј, дваесет години постоење. Сите детали ги дознаваме од Г-дин Марјан Катароски, директор на фестивалот.
Целиот разговор можете да го проследите на следниов линк
Извор и фото: Play radio
Facebook Коментари