Преку проект финансиран од ЕУ ќе се унапредуваат и промовираат туристичките потенцијали на Струга и Поградец

- Локални
329
Во просториите на Општина Струга,  се одржа состанок помеѓу градоначалниците на Струга – Рамис Мерко и Поградец – Илир Џаколи, проект менаџерот Крешник Ајдини и други претставници како дел од тимот за реализација на проектот “Струга и Поградец за промоција на туризмот и културното наследство – КУЛТУР“, финансиран од Европска Унија.
-Целта на овој проект е  развој на потенцијалот на туризмот преку промовирање на културното наследство и културните вредности во општините Струга и Поградец. Тоа ќе се постигне преку сеопфатен план на менаџирање, кој подразбира туристички и промотивен детален акционен план; формирање и опремување на локалните туристички канцеларии во Струга и Поградец; обука за туристички работници и државни службеници од областа на туризмот и одржливиот развој; создавање нови туристички капацитети и производи, план за нивно управување и развој на одржливи финансиски планови; малите и средни претпријатија од овој регион имаат потреба од подобра интеграција со туристичките содржини, како и подобрена инфраструктура која ќе привлече повеќе посетители и ќе ја продолжи туристичката сезона. – стои во соопштението од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари