Премиерот Ковачевски ќе се обрати на отварањето на пливачкиот базен во Струга

- Локални
243
Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски е во посета на  општина Струга.

Во 11:30 часот премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на официјалното отворање на затворениот пливачки базен во Струга.
Според најавите, освен премиерот, на отварањето на базенот во Струга, пред присутните ќе се обратат и  директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов.
Потоа ќе се одржи една машка и една женска трка на која ќе учествуваат пливачки клубови од Струга и Охрид.
Во 12:55 часот, премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на настан по повод увид во реконструкција на ООУ „Браќа Миладиновци” во Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари