Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување за граѓаните кои живеат на повисоките места во зимски услови

- Локални
171

Дирекцијата за заштита и спасување излезе со препораки до граѓаните кои живеат на повисоки места.

1. Навремено да обезбедат доволни количини на храна и лекови за сопствените потреби.
2. Навремено да обезбедат доволно храна и неопходни лекови за домашните животни.
3. Да имаат обезбедено телефонски врски – по можност мобилни.
4. Да внимаваат на покривите – во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат.
5. Навремено да информираат за настанати непогоди – несреќи.
6. Редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
7. До колку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторните возила, трактори и други превозни средства.

Препораки за сите граѓани кои оваа зима ќе одат на планина

Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла, и слично, на сите граѓани на Република Македонија им препорачува:
1. континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;
2. да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;
3. да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;
4. да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;
5. да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;
6. луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а, доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;
7. планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициска станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.

Strugaonline

Facebook Коментари