Претстава на куклениот театар „Си беше еднаш“ утре во Струга

- Локални
1066

Утре во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга Куклениот театар „Си беше еднаш“ ќе прикаже претстава за најмладите.

Куклениот театар ќе им овозможи на учениците од 5 до 10 години, одблиску да се запознаат со театарската уметност, но исто така ќе ги развие нивните сетила за креативност и имагинација, критичко мислење, самоизразување и создавање етички вредности.Сите претстави се едукативни, забавни и интерактивни.

Претставата ќе започне во 11:00 часот и ќе трае околу триесетина минути и потоа следи интерактивен дел и дружење со куклите.
Влезот е 100 денари, a претставата ќе се одржи во фоајето на Центарот за култура “Браќа Миладиновци” – Струга.

Куклениот театар „Си беше еднаш“ започна да фунакционира како дел од програмата на Здружение ТАКТУС и Центарот за ран музички развој „Музичко Катче“ во октомври 2018 и досега има реализирано претстави во општините Охрид, Струга и Дебрца. Куклениот театар имаше настап и за хуманитарниот концерт наменет за собирање средства за младата охриѓанка Сара Настоска во Охрид и Струга, а исто така беше дел од проектот „ЕУ за тебе“ со кој реализираше три претстави во Охрид, Струга и во ОУ „Дебрца“ во с. Белчишта. Покрај овие настапи, театарот редовно реализираше настапи во образовниот центар „Атлас Ворлд“ и игротеката „Вања“. Од февруари до мај, куклениот театар организираше училишен едукативен караван со настапи во неколку училишта во Охрид : ОУ Св.Климент Охридски, ОУ Ванчо Николески и ОУ Живко Чинго; и Струга ОУ Св.Климент Охридски во с. Драслајца, с. Мороишта и с. Ложани.

Strugaonline

 

Facebook Коментари