Претставата „Аналфабет“ на 3-ти октомври пред охридската публика

- Локални
962

Комедијата „АНАЛФАБЕТ” според текст на Бранислав Нушиќ,  а во режија Ѓорѓи Ризески, на репертоарот на Охридскиот театар ќе биде изведена во четврток 03.10.2019 година.

Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша
Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија
Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почетокот е закажан за  20.00 часот.

Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Strugaonline

Facebook Коментари