Претставата „Аналфабет“ на 6-ти март пред охридската публика

- Локални
588

Во среда, 06.03.2019 на репертоарот на Народен театар Охрид,  ќе биде изведена претставата “АНАЛФАБЕТ” – комедија според Бранислав Нушиќ, а во режија Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша; Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак; Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија; Адријана Билаловиќ Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева
Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток e закажан за  20.00 часот.
Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Strugaonline

Facebook Коментари