Претставата „Госпоѓа министерка“ викендов премиерно во Охрид

- Локални
58

НУЦК „Григор Прличев“ информира дека ќе се игра претпремиера и премиера на претставата „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски.

-Пред премиерата на претставата е закажана за петок, 26-ти април 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во малата сала при охридскиот Центар за култура. На истата локација, во сабота, на 27-ми април 2024 година, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра премиерата на оваа популарна претстава.

Карти во продажба на билетара при Центарот за култура „Григор Прличев“, по цена од 250 денари, од вторник 23-ти април 2024 година.

Strugaonline

Facebook Коментари