Претставата ,,Крик за љубов“ во петок ќе се игра во Охрид

- Локални
331

Претставата ,,Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски овој петок (25.03) ќе биде на репертоарот на Центар за култура ,,Григор Прличев“ во Охрид.

Почеток е закажан во 20:00 часот, во големата сала.

Во претставата играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066, Сoгласно здравствените протоколи, со ограничен број на публика.

За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 и
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

Facebook Коментари