Претставата „Се до Полноќ“ повторно пред охридската публика

- Локални
565

Најновата театарска претстава на НАТГ Аматер – „Сe до Полноќ“,по трет пат, повторно пред охриѓани. Трета изведба на „Се до Полноќ“ e закажана за 01.02.2020 год. на мала сцена, во НУЦК Григор Прличев Охрид, со почеток во 20:00 часот.

ИГРААТ: Јован Цветкоски, Томе Укоски, Климентина Гилевска, Франческа Винченци Маркулевска, Огнен Секулоски, Евамарија Баткоска, Илија Левески, Мила Коруновска

„Се до Полноќ“ е претстава адаптирана според „Белградска трилогија“ на Билјана Срблјановиќ.

„Оваа претстава ја посветуваме на младите луѓе од нашата земја. Овој текст се занимава со проблемите на емиграција и губење на сопствените корени.“ – велат од НАТГ Аматер

За време на претставата, три приказни се менуваат и претставуваат три карактеристични епизоди на цела една генерација кои растеа помеѓу омраза, насилство и смрт и кои ја напуштија Македонија да продолжи со надеж за подобар живот.
Оваа претстава ќе ни постави низа прашања. Зошто луѓето сакаат да избегаат тука веќе три децении? И што ги чека кога ќе одберат да си заминат оттука? Зошто иселеноста секој ден се’ повеќе се зголемува? Што е она што го прави најдоброто од секоја генерација да ја напушти оваа земја во друга? Ако тие заминаа, кои останаа тука? Кои се тие? Дали постои систем за кој сите се жалиме, а всушност е систематско и намерно оневозможување на нормалната младина да биде среќна во сопствената земја? На крајот, може ли некој воопшто да биде среќен на друго место, кое не е дома?
Билетите за претставата може да се набават со резервација преку директна порака на социјалните мрежи;
на тел. бр. 078/413-946 (Јован Цветкоски)
и тел. бр. 077/926-079 (Евамарија Баткоска)
или на влезот во Центарот за култура пред почетокот на претставата доколку претходно не се продадени билетите.

Strugaonline

Facebook Коментари